„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

17.03.2022

 

Со Предлог законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, се брише во член 2 точката 10 и се бришат членовите 16-г и член 16-д каде е уредено одбележување на брашното како и издавање контролна марка.
Со предложените измени во законот ќе се овозможи да се намалат последиците од административните процедури и бариери како и трговските бариери кои се уредени согласно договорот со ЦЕФТА.
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Член 1
Во Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21),  во членот 2 точката 10-в се брише.
Член 2
Во членот 3 алинејата 4 се брише.
Член 3
Во членот  16-а став (1) зборовите : „е означено со контролна марка и“ се бришат.
Член 4
Членовите 16-г и 16-д се бришат.
Член 5
Во членот 169 став (1) точката 1-в) се брише.
Точката 1-г) станува точка 1-в).
Член 6
Во членот 172 став (1) точката 1-а) се брише.
Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.