„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на законот за организација и работа на органите на државната управа

12.06.2024

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ
НА ДРЖАВНАТА УПРАВА
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 8 јуни 2024 година.
Бр. 08-2906/1
8 јуни 2024 година
Претседател
на Република Северна Македонија
Скопје
 Гордана Сиљановска-Давкова, с.р.
 
Претседател на Собранието
на Република Северна Македонија,
Afrim Gashi, s.r/ d.v.
 
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА
 
Член 1
Во Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 110/19 и 154/19), во член 5 ставот (3) се менува и гласи:
„Другите органи на државната управа можат да се основаат како самостојни органи на државната управа или органи во состав на министерствата.“.
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) Самостојните органи на државната управа можат да се основаат само доколку управните ресори за кои се основаат не се во надлежност на ниту едно министерство и е потребна нивна целосна независност од министерствата и директна одговорност пред Владата.“.
Ставот (4) станува став (5).
Во ставот (5) кој станува став (6) зборовите: „(институт и завод)“ се бришат.
Ставот (6) станува став (7).
Член 2
Во членот 6 зборовите: „и на соодветното министерство“ се бришат.