Врз основа на член 110 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/23), министерот за труд и социјална политика, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА
РАБОТНИТЕ МЕСТА НА КОИ СТАЖОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ СЕ СМЕТА СО
ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ
Член 1
Во Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 284/21, 68/23 и 19/24), во член 2 во делот „ЖЕЛЕЗАРНИЦИ“, во насловот „Валавница за слабови и дебела ламарина“ и поднасловот „Машинско одржување ремонт - дигалки“, по работното место „подмачкувач“, се додаваат четири нови работни места, кои гласат:
„сменски раководител (одржување на кранови) 12/14
бравар-заварувач (одржувач на кранови) 12/14
електричар (одржувач на кранови) 12/14
бравар-заварувач во ремонтна група (одржувач на кранови) 12/14“.
Во поднасловот „Енергетика“, по работното место „помошник работник“, се додаваат две нови работни места, кои гласат:
„координатор за висок напон 12/14
електричар за висок напон 12/14“.
По поднасловот „Огноотпорно одржување“, се додава нов поднаслов со две нови работни места, кои гласат:
„Внатрешен транспорт оператор на кран 12/14
оператор на кран со „Ц“ категорија 12/14“.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 09-2759/3
5 јуни 2024 година
Скопје
Заменик министер за труд
и социјална политика,
м-р Енвер Хусејин, с.р.