„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
06.06.2024
Целта на овие измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа е реорганизација на министерствата и органите на државната управа, на начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање, непоклопување на надлежностите и соодветна линија на отчетност врз основа на претходно дефинирани показатели на успешност на работа на институциите. Реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа се врши со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони. Законот што се предлага се заснова на начелата на кои се заснова и основниот Закон за организација и работа на органите на државната управа донесен во 2000 година односно: - функционирање на органите на државната управа како дел од извршната власт; - самостојност, владеење на правото, компетентност и одговорност; - ефикасен сервис за граѓаните и правните субјект и - стабилност, јавност, транспарентност и ефикасност во работењето.