Врз основа на член 10 став (2) и член 31 став (1) од Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 14/24), а во врска со член 3 од Мултилатералната спогодба меѓу Европската заедница и нејзините земји членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Република Црна Гора, Кралството Норвешка, Романија, Република Србија и Мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европска заедничка воздухопловна област ратификувана со Законот за ратификација на Мултилатералната спогодба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/07, 98/09 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 259/19), директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ВОЗДУХОПЛОВИ БЕЗ ЕКИПАЖ
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат посебните услови за безбедно користење, давање на соодветните услуги и вршење на летачки операции со воздухоплови без екипаж, систе-ми на воздухоплови без екипаж и воздухопловни модели, за стручна оспособеност на ли-цата кои ги оперираат овие воздухоплови и системи и за стекнување на соодветните ис-прави, како и формата, содржината, евиденцијата и постапката за нивно издавање или промена.
Член 2
Посебните услови за безбедно користење, давање на соодветните услуги и вршење на летачки операции со воздухоплови без екипаж, системи на воздухоплови без екипаж (во натамошниот текст: УАС) и воздухопловни модели, за стекнување на соодветните ис-прави, како и за стручна оспособеност на лицата кои ги оперираат овие воздухоплови и системи се пропишани во Регулативата (ЕУ) Бр. 2018/1139 на Европскиот парламент и на Советот од 4 јули 2018 година, за заеднички правила во областа на цивилното воздухоп-ловство и за основање на Агенција на Европската унија за безбедност на воздухопловство-то и за изменување и дополнување на Регулативите (ЕЗ) бр. 2111/2005, (ЕЗ) бр. 1008/2008, (ЕУ) бр. 996/2010, (ЕУ) бр. 376/2014 и Директивите 2014/30/ЕУ и 2014/53/ЕУ на Европ-скиот парламент и на Советот и за укинување на Регулативите (ЕЗ) бр. 552/2004 и (ЕЗ) бр. 216/2008 на Европскиот парламент и на Советот и Регулатива (ЕЕЗ) бр. 3922/91 на Сове-тот, изменета со ЕУ Регулативата 2021/1087 (во натамошниот текст: ЕУ Регулатива 2018/1139) која е прифатена согласно член 2 од Правилникот за заедничките основни пра-вила за безбедност кои се однесуваат на различните дејности во областа на цивилното воз-духопловство, Делегираната Регулатива (ЕУ) бр. 2019/945 на Комисијата од 12 март 2019 година за системи на воздухоплов без екипаж и за оператори од трети земји на системи на воздухоплов без екипаж (Глави III, IV и нејзиниот анекс), изменета со ЕУ Регулативата бр. 2020/1058 (во натамошниот текст: ЕУ Регулатива 2019/945), во Регулативата за спроведу-вање (ЕУ) бр. 2019/947 на Комисијата од 24 мај 2019 година за правилата и процедурите за оперирање на воздухоплови без екипаж, изменета со ЕУ Регулативите бр. 2020/639, 2020/746, 2021/1166 и 2022/425 (во натамошниот текст: ЕУ Регулатива 2019/947) и во Ре-гулативата за спроведување (ЕУ) бр. 2021/664 на Комисијата од 22 април 2021 година за регулаторна рамка за U-space, изменета со ЕУ Регулативата бр. 2023/203 (во натамошниот текст: ЕУ Регулатива 2021/664), кои сe прифатени и директно се применуваат, и кои се об-јавени на интернет страницата на Агенцијата за цивилно воздухопловство (во натамошни-от текст: Агенција).