Врз основа на член 8 став (11) од Законот за финансиските друштва (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 53/11, 112/14, 153/15, 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.173/22 и 154/23), министерот за финансии донесе
ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА
ФИНАНСИСКОТО ДРУШТВО
Член 1
Со овој правилник се пропишува содржината на програмата за работа на финансиското друштво.
Член 2
Програмата за работа на финансиското друштво особено содржи:
1) Визија, мисија и цели на финансиското друштво;
2) Законска регулатива релевантна за работење на финансиското друштво – усогласеност со прописи;
3) Општи податоци и информации за основачот/ите;
4) Финансиски активности кои ќе ги врши финансиското друштво;
5) Анализа на пазарот и конкуренцијата;
6) Внатрешно управување на финансиското друштво;
7) Внатрешна организација, вклучувајќи број на вработени и подружници;
8) План за обука на вработените во делот на заштита на потрошувачите и заштита на личните податоци;
9) Стратешки план на финансиското друштво за наредните три години;
10) Управување со ризици на финансиското друштво вклучувајќи особено:
- управување со кредитен ризик,
- управување со ликвидносен ризик,
- управување со оперативен ризик,
- управување со валутен ризик и
- управување со репутациски ризик;
11) Сметководство и ревизија;
12) Внатрешен систем за спречување перење пари и финансирање на тероризам;
13) Информатичка технологија;
14) Маркетинг активности и
15) Проекции на финансиските извештаи за наредните три години и тоа на:
- билансот на состојба и
- билансот на успех.
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 13-4733/1
20 мај 2024 година
Скопје
Министер за финансии,
д-р Фатмир Бесими, с.р.