Врз основа на член 71 став (2) од Законот за безбедност на храната (*) („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 209/23), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе
ГОДИШЕН ПЛАН ЗА МОНИТОРИНГ НА РЕЗИДУИ И НЕДОЗВОЛЕНИ
СУПСТАНЦИИ КАЈ ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И СУРОВИНИ ОД
ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗА 2024 ГОДИНА
Член 1
Со овoј план се утврдува мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло за 2024 година.
Член 2
Мониторингот на присуство на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло се врши во согласност со Главите III, IV и V од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (*).
Начинот на вршење на мониторингот на присуство на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло се врши во согласност со Главите VI и VII од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (*).
Член 3
Селекцијата на фармаколошки активни супстанции кои ќе бидат вклучени во овој план, се врши согласно:
- Прилозите I и III од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (*);
- Листата на фармаколошки супстанции одобрени за употреба во ветеринарната медицина (*);
- Листата на супстанции и производи кои се забранети за употреба кај животните чии производи се употребуваат во исхраната на луѓето (*);
- Списокот на ветеринарно - медицински препарати за кои е дадено одобрение за ставање во промет, односно за кои е укинато одобрението, односно за кои е извршена промена во текот на важноста на одобрението;
- Листата на активни супстанции кои се одобрени за користење во производи што се применуваат за заштита на растенијата на територијата на Европската Унија;