Врз основа на член 123 став (1) од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/13, 41/14, 115/14, 116/15, 153/15, 192/15, 61/16, 172/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124 /19) Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА
ВРШЕЊЕ НА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ
Член 1
Во Правилникот за лиценца за вршење на геодетски работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.132/13, 29/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.313/20, 69/21 и 273/23 ), во членот 25-б, во ставот (9) се менува содржината на прилогот број 5 и во ставот (10) се менува содржината на прилогот број 6 кои се составен дел на овој Правилник.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0101-6595/1
9 мај 2024 година
Скопје
Управен одбор
Претседател,
Роберт Бешовски, с.р.