„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Решение за состав, висината на надоместокот и начинот на работа на работното тело за отпад

20.05.2024

Врз основа на член 20 став (6) од Законот за управување со отпадoт (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/21) министерот за животна средина и просторно планирање, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА СОСТАВОТ, ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ И НАЧИНОТ НА РАБОТА НА РАБОТНОТО ТЕЛО ЗА ОТПАД
 
Член 1
Со оваа решение се утврдува составот, висината на надоместокот и начинот на работа на работното тело за отпад.
Член 2
Работното тело за отпад (во понатамошниот текст: Работно тело) го утврдува статусот на секундарна суровина и престанување на статусот на поедини видови отпад согласно Законот за управување на отпад.
Работното тело е составено од постојани и повремени членови, во следниот состав:
1. Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за отпад, Министерство за животна средина и просторно планирање, постојан член,
2. Драгана Черепналковска, помошник раководител на Сектор за ЕУ, Министерство за животна средина и просторно планирање, постојан член,
3. Наташа Бакреска, менаџер за животна средина, Цементарница УСЈЕ, АД Скопје, повремен член,
4. Љубомир Пејовски, директор за екологија, „Макстил“, АД Скопје, повремен член,
5. Виктор Христов, меѓународен експерт од областа на управување со отпадот, постојан член,
6. проф. д-р Даме Димитриевски – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Машински факултет, Скопје, повремен член,
7. проф. д-р Горан Начевски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко- металуршки факултет, Скопје, повремен член,
8. проф. д-р Јадранка Блажевска Гилев, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко-металуршки факултет, Скопје повремен член.
Постојните членови учествуваат во работата на Работното тело постојано, додека повремените членови учествуваат во работата повремено во зависност од потребите.
Работното тело е со мандат од четири години, со право на уште еден реизбор.
Претседател на работното тело е претстaвникот од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Мандатот на претседателот на работното тело трае четири години, со право на уште еден реизбор.
Член 3
Работното тело работи и одлучува на седници.
Работното тело на првата седница донесува Деловник за работата.
Седниците на работното тело се одржуваат во седиштето на Управата за животната средина орган во состав на Министерството за животна средина и протсторно планирање.
Претседателот, согласно Деловникот за работа, во зависност од добиеното барање за утврдување на статус на секундарна суровина или за престанување на статусот на поедини видови отпад, утврдува кој од повремените членови на работното тело од член 2 на ова решение, ќе учествува во работата на работното тело.
Работното тело, работи и носи одлуки во присуство на најмалку 5 членови, или најмногу седум членови, во зависност од видот на барањето поднесено за утврдување на статус на секундарна суровина или за престанување на статусот на поедини видови отпад.
Работното тело работи и одлучува доколку се присутни сите повикани членови на телото.
Работното тело, по добивање на барање за утврдување на статус на секундарна суровина или за престанување на поедини видови на отпад дава мислење за тоа дали една супстанција, материја или производ може да бидат запишани во Листата на секундарни суровини, односно дали се исполнети условите за престанок на статусот на отпад на поедини видови на отпад.
Работното тело, мислењето од став 7 од овој член, го донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.
Мислењето од ставот 7 од овој член, го потпишуваат претседателот и сите членови на работното тело кои одлучувале.
Член 4
Административно-техничките работи за потребите на Работното тело ги врши лицето Даниела Ристова од Управата за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање.
Член 5
На членовите на работното тело за работата во работното тело им следува надоместок.
Висината на надоместокот за членовите во работното тело изнесува по 3000 денари, за разгледување на секое поднесено барање до работното тело за упис на супстанција, материја или производ во Листата а секундарни суровини или барање за укинување на статусот за отпад.
Член 5
Овa Решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 11-1526/1
14 мај 2024 година
Скопје
 
Министер за животна средина
и просторно планирање,
Каја Шуковa, с.р.