Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување врз основа на член 108 став (1) точка ж) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 48/2009, 50/2010, 171/2010, 36/2011, 98/2012, 13/2013, 164/2013, 44/2014, 192/2015, 30/2016, 21/2018 и 245/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/2019 и 103/2021) и член 134 став (1) точка е) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 7/2008, 124/2010, 17/2011 и 13/2013 и Службен весник на Република Северна Македонија 103/2021) на седница одржана на 25.4.2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ИНСТРУМЕНТИ ВО КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ
СРЕДСТВАТА НА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН И ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД
Член 1
Средствата на задолжителен и доброволен пензиски фонд не смеат да се инвестираат во документи за удел на отворени и приватни инвестициони фондови регистрирани во Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, издадени од акционер на пензиско друштво и поврзани лица со акционерот.
Член 2
Средствата на задолжителен и доброволен пензиски фонд не смеат да се инвестираат во документи за удел од овластени инвестициони фондови со седиште во странство, издадени од акционер на пензиско друштво и поврзани лица со акционерот.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр.02-646/3
26 април 2024 година
Скопје
Претседател на
Советот на експерти
Максуд Али, с.р