Врз основа на член 83 став (3), 84 став (1) и (2) и 87 од Законот за задолжително
капитално финансирано пензиско осигурување осигурување („Службен весник на
Република Македонија” број 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008,
48/2009, 50/2010, 171/2010, 36/2011, 98/2012, 13/2013, 164/2013, 44/2014, 192/2015,
30/2016, 21/2018, 245/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија број 180/2019 и 103/2021) и член 124 став (3), 125 став (1) и (2) и 128 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 7/2008, 124/2010, 17/2011 и 13/2013 и Службен весник на Република Северна Македонија 103/2021) Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на седница одржана на 25.4.2024 година, донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
ПРОЦЕНКА НА СРЕДСТВАТА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ И ДОБРОВОЛНИТЕ
ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ
Член 1
Во Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните
пензиски фондови („Службен весник на Република Македонија” бр.138/2008, 55/2013, 218/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија 41/2019 и 250/2019) во член 6 став (3) и став (5) по зборот: „Bloomberg“ се става запирка и се додава зборот:
„FactSet“.
Член 2
Во член 8 став (1) точката а) се менува и гласи:
„а) отворените инвестициони фондови се проценуваат според вредноста на уделот објавена од страна на Комисијата за хартии од вредност или Македонска берза на хартии од вредност и утврдена на работен ден кој претходи на датумот на проценка (Т-2 каде што Т е тековниот ден). По исклучок, доколку денот Т-2 е неработен ден, како ден Т-2 се смета последниот претходен работен ден;“
Точките: “ѓ) и е) “ стануваат точки: “г) и д)“.
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр.01-646/4
26 април 2024 година
Скопје
Претседател на
Советот на експерти
Максуд Али, с.р