„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Решение за престанок на важење на решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат од Република Хрватска

19.05.2024

Врз основа на член 55 став (2) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19),  директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА
УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД
ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ
НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
 
Член 1
Со ова решение престанува да важи Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат од Република Хрватска („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 146/23, 165/23 и 251/23).
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
Бр. 02-1264/1
9 мај 2024 година
Скопје
Агенција за храна и ветеринарство
в.д. Директор,
Николче Бабовски, с.р