„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за формата и содржината на образецот на зоотехничкиот сертификат за чистокрвни копитари за приплод

12.05.2024

Врз основа на член 31 став (4) од Законот за зоотехника (*) („Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 87/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА
ЗООТЕХНИЧКИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА ЧИСТОКРВНИ КОПИТАРИ
ЗА ПРИПЛОД (*)
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на
зоотехничкиот сертификат за чистокрвни копитари за приплод.
Член 2
(1) Зоотехничкиот сертификат за чистокрвни копитари за приплод се издава на образец во А4 формат отпечатен на хартија во бела боја.
(2) Формата и содржината на образецот на зоотехничкиот сертификат за чистокрвни копитари за приплод од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Овој правилник престанува да важи со денот на пристапувањето на Република Северна  Македонија во Европската Унија.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 31-3592/3
30 април 2024 година       
Скопје
 
Министер за земјоделство,
шумарство и водостопанство,
Љупчо Николовски, с.р.