„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за изменување на одлуката за утврдување на референтни цени за дневна болница и болнички ден во болничката здравствена заштита

12.05.2024

Врз основа на член 56 став 1 точка 3 во врска со член 54 став 1 точка 8 на Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 77/2021, 285/2021, 60/2023, 154/2023 и 209/2023), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 26 април 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА
РЕФЕРЕНТНИ ЦЕНИ ЗА ДНЕВНА БОЛНИЦА И БОЛНИЧКИ ДЕН ВО
БОЛНИЧКАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
 
Член 1
Во Одлуката за утврдување на референтни цени за дневна болница и болнички ден во болничката здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 181/2011, 26/2012, 63/2012 и 138/2012 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 144/2020, 110/2021, 64/2023, 127/2023 и 146/2023), во член 2 став 2, во табелата, кај услугата со шифра ДС01–„Болнички ден во стационар (сместување, оброци и труд на персоналот) со вклучени здравствени услуги и медикаментозна терапија за болните во психијатрија“, во колоната со наслов „Референтна цена“, бројот „960“ се заменува со бројот „1400“.
Кај услугата со шифра ДС04–„Болнички ден во стационар со вклучени здравствениуслуги и медикаментозна терапија за болни во геронтологија“, во  колоната со наслов „Референтна цена“, бројот „860“ се заменува со бројот „1000“,
Кај услугата со шифра ДБ03–„Дневна болница (сместување, оброк и труд на
персоналот) за психијатрија со вклучени здравствени услуги и медикаментозна терапија над 4 часа“, во колоната со наслов „Референтна цена“, бројот „670“ се заменува со бројот „1100“
Член 2
Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се објави по добивање на согласност од министерот за здравство.
 
Бр. 02-8899/9
29 април 2024 година
Скопје
       Претседател
 на Управен одбор,
Дејан Николовски, с.р.