Врз основа на член 9 став 4, член 56 став 1 точка 3, а во врска со член 63-а, 63-б и 63-в, член 68-а и член 69 од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 77/2021, 285/2021, 60/2023, 154/2023 и 209/2023), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на седницата одржана 26 април 2024 година, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
КРИТЕРИУМИТЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОРИ И ЗА НАЧИНОТ НА
ПЛАЌАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ
КОИ ВРШАТ БОЛНИЧКА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Член 1
Во Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат болничка здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2008, 118/2008, 164/2008, 16/2010, 44/2010, 63/2010, 171/2010, 95/2011,181/2011, 104/2012, 164/2012 и 70/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 303/2020, 114/2022, 206/2023 и 57/2024), во членот 9-а по ставот 6 се додаваат пет нови става 7, 8, 9, 10 и 11 кои гласат:
„За лекови кои не се на листата на лекови за кои претходно согласност за нивна набавка дава Министерството за здравство, Фондот дава согласност за набавка по референтна цена.
Доколку референтната цена за лекот е повисока од цената која ја побарува јавната здравствена установа, Фондот дава согласност за набавка по пониската цена.
Доколку Фондот во претходната или тековната календарска година веќе има издадено согласност со пониска цена од референтната цена или од бараната за набавка на одреден лек на истата или друга јавна здравствена установа, Фондот дава согласност за набавка по одобрената пониска цена.
Доколку референтната цена на лекот е повисока од најниската одобрена
големопродажна цена, Фондот дава согласност за набавка по најниската одобрена големопродажна цена.
Доколку за одреден лек не може да се утврди референтна цена, тогаш Фондот може да даде согласност за набавка по цената што ја побарува јавната здравствена установа“.
Ставовите 7 и 8 стануваат ставови 12 и 13.
Член 2
Согласностите _______за набавка на лекови што не се на Листата на лекови, издадени пред стапување во сила на овој Правилник, ќе продолжат да важат до истекот на јавната набавка спроведена од јавната здравствена установа за која е добиена согласноста од Фондот.