Врз основа на член 9 став 4, член 54 став 1 точка 8, член 56 став 1 точка 3, а во врска со член 63-а, 63-б и 63-в од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 77/2021, 285/2021, 60/2023, 154/2023 и 209/2023), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија на седницата одржана 26 април 2024 година, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
НАЧИНОТ И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ РЕФЕРЕНТНИ ЦЕНИ НА
ЛЕКОВИ
Член 1
Во Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на
лекови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2009, 138/2010, 129/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 283/2021 и бр. 76/2024) членот 1 се менува и гласи:
„Со овој правилник се утврдуваат начинот и методологијата за утврдување на
референтни цени на лекови кои се на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „лекови“), како и на лековите што не се на Листата на лекови а се сметаат за основни здравствени услуги и кои Јавните здравствени установи ги набавуваат по претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (во понатамошниот текст „лекови што не се на Листата на лекови“).“
Член 2
По членот 18 се додава нов наслов и нови членови 18-а и 18-б, кои гласат:
„Начин и методологија за утврдување на референтни цени на лековите што не се на Листата на лекови а се сметаат за основни здравствени услуги и кои јавните здравствени установи ги набавуваат по претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.
Член 18-а
По поднесените барања од страна на јавните здравствени установи за согласност за набавка на лекови што не се на Листата на лекови и утврдување на референтните цени на овие лекови постапува работна група формирана од директорот на Фондот.
Член 18-б
Работната група од членот 18-а на овој Правилник, утврдувањето на референтни цени на лекови што не се на Листата на лекови, ја врши на ниво на големопродажна цена со вклучен ДДВ. Референтна цена на лекот е максималниот износ кој Фондот го обезбедува за одреден лек.