„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Решение за дополнување на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Бугарија

07.05.2024

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА
ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО
ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА
ВИСОКОПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Бугарија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 45/21, 275/21, 118/22, 141/22, 241/22, 286/23, 27/24 и 47/24), во членот 1 став (1) по алинејата 1 се додава новa алинеja 2 коja гласи:
„ - Карџали/Kardzhali,“.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-1063/1
25 април 2024 година
Скопје
Агенција за храна и ветеринарство
в.д. Директор,
Николче Бабовски, с.р.