„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности

07.05.2024

Врз основа на член 158-s точка 1) и член 66 став (2), и а во врска со член 23 и 24 од Законот за супервизија на осигурување од Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и 198/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019, 31/2020 и 173/2022), Советот на Експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 22.4.2024 година донесе:
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА И ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ПОТРЕБНА ЗА ДОБИВАЊЕ
СОГЛАСНОСТИ
 
Член 1
Во Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 246/2019 и 280/2020) по членот 2, во Глава III. ИЗДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ЧЛЕН НА ОРГАН НА УПРАВУВАЊЕ НА ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ, се додаваат два нови членови 3 и 4 кои гласат:
“Политика за избор и оценка на исполнување на условите за вршење на функцијата член на орган на управување
Член 3
(1) Надзорниот одбор односно Одборот на директори на друштвото за осигурување е должен да донесе и да применува политика за избор и оценка на соодветноста на член на Управен одбор односно Извршен член на Одбор на директори (во натамошниот текст: член на орган на управување) на друштвото за осигурување од аспект на исполнување на условите за вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва, овој правилник и останатите прописи.
(2) Со политиката за избор и оценка од ставот (1) на овој член детално се пропишуваат:
1. условите за вршење на функцијата член на орган на управување во друштвото за осигурување, вклучувајќи ја надлежноста на членовите, нивните стручни квалификации, знаење и искуство пропишани со законот, Законот за трговските друштва, овој правилник и останатите прописи, целите на членовите на органот на управување поединечно и групно на ниво на орган на управување, притоа водејќи сметка органот на управување на друштвото како целина да поседува соодветни квалификации, знаење и искуство поврзано со:
- пазари на осигурување и финансиски пазари;
- деловна стратегија и бизнис модели;
- систем на управување;
- финансиска и актуарска анализа;
-регуаторна рамка и регулаторни барања.
2. ситуациите и околностите кои се или може да претставуваат судир на интерес, мерките за отстранување на судир на интерес како и мерки за управување и намалување на потенцијален судир на интерес вклучувајќи и идентификување на трансакции врз