Врз основа на член 43, став 2, точка 3 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2021 и 58/24), Националниот совет на седницата одржана на 25.04.2024 година донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИТЕ И
НОРМАТИВИТЕ ЗА ОСНОВАЊЕ НА ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ И ЗА
ВРШЕЊЕ ВИСОКООБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ
Член 1
Во Правилникот за стандардите и нормативите за основање на високообразовни установи и за вршење високообразовна дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 245/2022 и 4/2023), членот 48 се брише.
Член 2
Постојниот член 48 станува член 49.
Член 3
Измените на Правилникот влегуваат во сила со денот на нивното донесување.
Бр. 1410-67
25 април 2024 година
Скопје
Националниот совет за високо образование и
научно-истражувачка дејност
Претседател,
Проф. д-р Гордана Лажетиќ, с.р.