„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за изменување и дополнување на одлуката за издавање дозвола и согласност на оператор на платен систем и за содржината и начинот на водење на регистар на оператори на платните системи

02.05.2024

Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република
Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21 и 74/24) и член 138 став 11, член 140 став 7, член 142 став 16, член 145 и член 147 став 3 од Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/22 и 64/24), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ
ДОЗВОЛA И СОГЛАСНОСТИ НА ОПЕРАТОР НА ПЛАТЕН СИСТЕМ И ЗА
СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ РЕГИСТАР НА ОПЕРАТОРИ НА
ПЛАТНИТЕ СИСТЕМИ
 
1. Во Одлуката за издавање дозволa и согласности на оператор на платен систем и за содржината и начинот на водење регистар на оператори на платните системи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 289/22), во точката 3 потточка 3.8 алинеjа 1, броевите: „23, 24“, се бришат.
2. Во точката 7 став 1, зборот: „гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот
одбор“, a зборовите: „90 (деведесет)“ се заменуваат со зборовите: „120  (стоидваесет)“.
3. Во точката 9 потточка 9.1 став 1, зборот: „гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот одбор“.
4. Во точката 12 став 1 алинеја 3, по зборот: „гувернерот“ се додаваат зборовите: „или Извршниот одбор“.
5. Во точката 13 став 1, зборот: „гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот одбор“, а зборовите: „60 (шеесет)“ се заменуваат со зборовите: „90 (деведесет)“.
6. Во точката 21 став 1, зборот: „гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот одбор“, a зборовите: „60 (шеесет)“ се заменуваат со зборовите: „90 (деведесет)“.
7. Во точката 23 став 1, зборот: „гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот одбор“.
8. Во точката 24, зборот: „гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот одбор“.
9. Во точката 25 став 1, зборот: „Гувернерот“ се заменува со зборовите: „Извршниот одбор“.
10. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Гувернер
и претседавач на Советот
 на Народната банка на Република Северна Македонија,
д-р Анита Ангеловска-Бежоска, с.р.
 
Бр. 02-16400/2
25 април 2024 година
Скопје