„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЕСКАЛИРАНАТА ГУСТИНА Е И ДЕЕСКАЛИРАНАТА ГУСТИНА D, НА СЕКОЈ НАФТЕН ДЕРИВАТ И ГОРИВО ЗА ТРАНСПОРТ, ВИСИНА НА НАДОМЕСТОКОТ P ЗА ПРЕМИЈА, ТРАНСПОРТНИТЕ ТРОШОЦИ Т ДО СКЛАД ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ D ЗА ТРОШОЦИ ЗА РАБОТЕЊЕ ПРЕКУ СКЛАД И ТРГОВСКА МАРЖА СО ВКЛУЧЕНИ ТРАНСПОРТНИ ТРОШОЦИ ОД СКЛАД ДО БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ И КРАЈНИ ПОТРОШУВАЧИ

29.04.2024

Врз основа на член 5 став (1) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт (“Службен весник на Република Северна Македонија ” бр. 108/20, 133/20, 49/22, 54/22, 64/22 и 125/22), Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седница одржана на 25 април 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЕСКАЛИРАНАТА ГУСТИНА Е И
ДЕЕСКАЛИРАНАТА ГУСТИНА D, НА СЕКОЈ НАФТЕН ДЕРИВАТ И ГОРИВО
ЗА ТРАНСПОРТ, ВИСИНА НА НАДОМЕСТОКОТ P ЗА ПРЕМИЈА,
ТРАНСПОРТНИТЕ ТРОШОЦИ Т ДО СКЛАД ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ D ЗА ТРОШОЦИ ЗА
РАБОТЕЊЕ ПРЕКУ СКЛАД И ТРГОВСКА МАРЖА СО ВКЛУЧЕНИ
ТРАНСПОРТНИ ТРОШОЦИ ОД СКЛАД ДО БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ И КРАЈНИ
ПОТРОШУВАЧИ
 
Член 1
Со оваа одлука се определуваат ескалираната густина е и деескалираната густина d, на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висина на надоместокот P за премија, транспортните трошоци Т до склад во Република Северна Македонија и висината на надоместокот D за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи, коишто ќе се применуваат во период од 29 април 2024 година до 27 октомври 2024 година.