„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за давање на одобрение за основање на факултет за здравствени науки при Меѓународен Балкански Универзитет во Скопје

29.04.2024

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за високото образование* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/21 и 58/24), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 април 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ОСНОВАЊЕ НА ФАКУЛТЕТ ЗА
ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ ПРИ МЕЃУНАРОДЕН БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО
СКОПЈЕ
 
Член 1
Со оваа одлука се дава одобрение за основање на Факултетот за здравствени науки при Меѓународен балкански универзитет во Скопје, на ул. „Македонско-Косовска бригада“ бб. во Скопје.
Член 2
Одобрението од член 1 од оваа одлука, се дава врз основа на поднесеното барање од основачот Меѓународен балкански универзитет во Скопје, со ЕДБС 6426875, со седиште во Скопје на ул. „Македонско-Косовска бригада“ бб. во Скопје.
Член 3
На Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, се врши високообразовна дејност согласно Законот за високото образование*.
Член 4
На Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ќе се изведуваат две студиски програми од прв циклус универзитетски стручни студии: студиска програма по медицински сестри/медицински техничар и студиска програма по здравствена нега (сестринство) акушерство и двете со времетраење на студиите од 4 години (8 семестри) односно вкупно (240 ЕКТС).
Член 5
Потребниот наставен кадар кој ќе изведува настава на Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ќе биде согласно стандардите и нормативите за вршење на високообразовна дејност.
Член 6
Потребната опрема за опремување и простор на Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ќе биде согласно стандардите и нормативите за вршење на високообразовна дејност.
Член 7
Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ќе биде сместен во објектот на Меѓународен балкански универзитет во Скопје на ул. „Македонско-Косовска бригада“ бб. во Скопје, со вкупна површина за вршење на научно-истражувачка и високообразовна дејност од 1140 м².
Член 8
Бројот на студенти кои се запишуваат на Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ќе биде определен со решението за акредитација на високобразовната установа.
Член 9
Наставата на Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, е на македонски јазик и неговото кирилско писмо и англиски јазик и неговото писмо, согласно Законот за високото образование*.
Член 10
Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ќе отпочне со работа по добивањето на решението за почеток со работа од министерот за образование и наука и уписот во регистарот на високообразовни установи и во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Член 11
Средствата за основање и работа на Факултетот за здравствени науки од член 1 од оваа одлука, ги обезбедува основачот.
Член 12
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4179/3
 16 април 2024 година
Скопје
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
 м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р