Врз основа на член 60 став (5) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23, 30/24 и 74/24), министерот за здравство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОТРЕБНИОТ
ПРОСТОР, ОПРЕМА И СТРУЧЕН КАДАР ЗА ОСНОВАЊЕ, ПОЧНУВАЊЕ СО
РАБОТА И ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ВО
ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
Член 1
Во Правилникот за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствени установи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 91/13 и 125/14 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 100/19, 243/19, 6/22 и 40/22), членот 30 се менува и гласи:
„Центарот за дијализа обезбедува најмалку:
А) Простор за дијализа
1) Хол со рецепција и заедничка чекална од 15 м2,
2) Санитарен јазол за посетителите од 4 м2,
3) Санитарен јазол со туш за вработените од 10 м2,
4) Лабораторија од 10 м2,
5) Соба за доктори на медицина од 10 м2,
6) Просторија за администрација од 10 м2,
7) Просторија за чиста облека од 10 м2,
8) Перална од 15 м2,
9) Трпезарија со чајна кујна од 16 м2,
10) Просторија за умрени од 6 м2,
11) Просторија за стерилизација од 6 м2,
12) Сала за дијализа за негативни и позитивни ХБсАг и ХЦВ болни со најмалку 5 м2 за
секој апарат за дијализа,
13) Сала за изолација од 5 м2 по апарат за дијализа,
14) Просторија за реверзна осмоза и обработка на вода од 20 м2,
15) Просторија за чистење, стерилизација на апарати од 10 м2,
16) Магацини за раствори за парентерална употреба и потрошен материјал од 35 м2,
17) Просторија за септичен материјал (отпад) од 4 м2,
18) Тоалет за машки пациенти од 3 м2,
19) Тоалет за женски пациенти од 3 м2,
20) Гардероба за женски пациенти од 4 м2,
21) Гардероба за машки пациенти од 4 м2.
Б) Опрема за дијализа
1) Еден апарат за дијализа за четири пациенти при работа во две смени односно за шест
пациенти при работа во три смени, при што апаратите за дијализа за ХБсАГ позитивни и
ХБсАГ негативни пациенти треба да се одвоени и посебно означени. Дезинфекција на
апаратите за дијализа се врши по секоја дијализа. Апаратите за дијализа се заменуваат по
25.000 часа работа,
2) Посебен фрижидер за обезбедување со крв и крвни деривати,
3) Апарати за хемодијализа за позитивни ХБсАг и ХЦВ пациенти,
4) Апарати за хемодијализа за негативни ХБсАг и ХЦВ пациенти,
5) Столици за хемодијализа или кревети,
6) Подвижен апарат за ЕКГ и дефибрилатор,
7) Систем за оксигенотерапија,
8) Вага за пациентите,
9) Апарат за крвен притисок,
10) Фрижидер за лекови,
11) Стерилизатор,
12) Магацински рафтови,
13) Апарат за реверзна осмоза и предтретман.
В) Стручен кадар за дијализа
1) За секоја организациона единица на центарот за дијализа, во една смена, најмалку по
еден доктор на медицина или доктор на медицина – специјалист, односно супспецијалист
по нефрологија или специјалист по интерна медицина. Докторот на медицина треба да
има завршено обука за водење на дијализа во Република Северна Македонија или во
странство.
2) За секоја организациона единица на центарот за дијализа, најмалку по еден
здравствен работник со завршено средно или вишо образование од областа на медицината,
односно со високо образование од областа на медицината или со стекнати 180 кредити
според ЕКТС од областа на медицината, со положен стручен испит, одговорен за водење
на дијализа на шест пациенти,
3) Еден дипломиран електроинжењер или електротехничар со завршено средно стручно
образование,
4) Еден административен работник со завршено средно образование или вишо/високо
образование, во секоја организациона единица на центарот за дијализа,
5) Еден магационер со завршено средно образование или вишо/високо образование, во
секоја организациона единица на центарот за дијализа,
6) Еден хигиеничар за секоја смена, во секоја организациона единица на центарот за
дијализа.
Заради обезбедување на васкуларни пристапи во центарот за дијализа, треба да се
обезбеди најмалку и:
А) Простор за васкуларен пристап од 65 м2
1) Просторија за подготовка на нефролог/хирург со зона за дезинфекција од 10 м2,
2) Просторија за подготовка на пациент со гардероба и тоалет од 10 м2,
3) Просторија за подготовка и закрепнување на пациенти од 10 м2,
4) Ендоваскуларна просторија , односно сала за интервенции со услови за локална
анестезија од 20 м2,
5) Просторија за инвалидски колички и/или кревети од 5м2,
6) Просторија за чисто стерилно (за опрема) од 5 м2,
7) Просторија за валкано од 5 м2.
8) Просториите меѓусебно треба да бидат поделени со автоматски лизгачки врати,
влезовите да бидат поделени со посебен независен влез и излез за пациенти, посебен
независен влез и излез за нефролог/хирург и посебен излез за отпад.
Б) Опрема за васкуларен пристап
1) Два кревета за реанимација, хируршка маса, хируршка ламба, хируршки
инструменти, апарат за ехо-доплер сонографија, опрема за следење на срце (PNI, SPO2),
светло за медицински преглед, aпарат за мерење на шеќер во крв (глукометар), апарат за
мерење на време на коагулација, ендоваскуларен артериовенска фистула систем,
медицински кислород или концентратор или боца за кислород, вакум воздух или
аспиратор,
2) Опрема за итни случаи: дефибрилатор, амбу маска/ларинкс, ЕКГ, кревет за
транспортирање и инвалидска количка, монитор (2 парчиња), количка за итни случаи со
лекови и опрема за реанимација,
3) Автоклав, маса за инструменти , центрифуга, машина за миење хируршки
инструменти, ормар и столица.
В) Кадар за васкуларен пристап
1) Еден специјалист нефролог или специјалист интернист со три месеци обука зa
ендоваскуларен пристап или специјалист по торакална и васкуларна хирургија или
специјалист по општа хирургија,
2) Еден здравствен работник со завршено средно или вишо образование од областа на
медицината, односно со високо образование од областа на медицината или со стекнати
180 кредити според ЕКТС од областа на медицината, со положен стручен испит за
медицинска сестра и со обука за васкуларeн пристап,
3) Еден здравствен работник со завршено средно или вишо образование од областа на
медицината, односно со високо образование од областа на медицината или со стекнати
180 кредити според ЕКТС од областа на медицината, со положен стручен испит за
медицинска сестра и
4) Еден хигиеничар.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 17-4123/2
19 април 2024 година
Скопје
Министер за здравство,
д-р Ilir Demiri, с.р.