Врз основа на член 30 став 1 алинеја 5 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 9 април 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА НА ПРОДАЖБА НА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
Член 1
На правните и физичките лица кои вршат трговија на нафтени деривати на мало им се забранува да вршат промет на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 15 април до 15 октомври 2024 година.
На производителите, трговците на големо и увозниците со нафтени деривати им се забранува да вршат продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на трговците на масло (бензинските станици), во периодот од 15 април до 15 октомври 2024 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3262/6
9 април 2024 година
Скопје
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
м-рТалатЏафери/TalatXhaferi, с.р