„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог

12.04.2024

Врз основа на член 136 став (3) од Законот за управување со отпадот (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ 216/21), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПРЕКРШОЧНИОТ ПЛАТЕН
НАЛОГ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог.
Член 2
Прекршочниот платен налог за микро трговец, мал трговец, средeн трговeц и голем трговeц кое е правно лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог бр.1, кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Прекршочниот платен налог за одговорното лице во правното лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог бр.2, кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
Прекршочниот платен налог за физичко лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог бр.3, кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 13-2884/1
3 април 2024 година
Скопје
Министер за животна средина
и просторно планирање,
Каја Шукова, с.р.