Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 16 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22), член 8 став (2) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/20, 133/20, 49/22, 54/22, 64/22 и 125/22) и Одлуката за определување на ескалираната густина е и деескалираната густина d на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот P за премија, транспортните трошоци Т до склад во Република Северна Македонија и висината на надоместокот D за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.226/23), Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 8.4.2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ МАЛОПРОДАЖНИ ЦЕНИ НА
НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ И ГОРИВА ЗА ТРАНСПОРТ
Член 1
(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 78,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 77,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 45,173 (денари/килограм)
(2) Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени во став (1) од овој член.
(3) Највисоките малопродажни цени формирани согласно со став (1) на овој член, освен цената за Мазутот М-1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на Мазутот М-1 НС важи франко склад на трговец на големо со нафтени деривати и горива за транспорт во земјата.
(4) Во највисоките малопродажни цени формирани согласно со овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност.
Член 2
(1)Во највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени со членот 1 од оваа одлука, содржани се и највисоките набавни цени, коишто изнесуваат:
Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 43,806 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 45,624 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 43,843 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 43,129 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 34,892 (денари/килограм)
Член 3
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа oдлука, содржан е
надоместок за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, којшто за Еуросупер
БС-95 е во износ од 5,579 денари/литар, за Еуросупер БС-98 е во износ од 5,456
денари/литар, за Еуродизел БС (Д-Е V) е во износ од 5,479 денари/литар и за Екстра лесно
1 (ЕЛ-1) е во износ од 5,335 денари/литар, додека за Мазутот М-1 НС надоместокот е во
износ од 2,500 денар/килограм.
Член 4
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа одлука, со исклучок
за Мазутот М-1 НС, содржан е надоместокот за транспортни трошоци од склад до
бензински станици во износ од 0,95 денари/литар за сите нафтени деривати.
Член 5
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа одлука содржан е
надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина што
согласно член 184 став (1) од Законот за животната средина го плаќаат обврзниците
утврдени со овој закон:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 0,080 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 0,080 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 0,030 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 0,040 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 0,050 (денари/килограм)
Член 6
Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука содржан е
надоместокот за задолжителни резерви, што согласно член 32 став (1) од Законот за
задолжителни нафтени резерви го плаќаат производителите на нафтени деривати и
увозниците на нафтени деривати:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 0,890 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 0,890 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 0,300 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 0,300 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 0,740 (денари/килограм)
Член 7
Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 22,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 22,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 15,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 15,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 0,100 (денари/килограм)
Член 8
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во „Службен весник
на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторна комисија за
енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република
Северна Македонија, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 9.4.2024 година.
Бр. 02-686/1
8 април 2024 година
Скопје
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и
услуги за управување со комунален отпад на
Република Северна Македонија
Претседател,
Марко Бислимоски, с.р.