„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за изменување на правилникот за образецот на барањето, потребната документација и поблиските критериуми по однос на просторот, опремата и кадарот за добивање на дозвола за производство на екстракти од коноп

08.04.2024

Врз основа на член 36-а став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17), министерот за здравство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И
ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ПО ОДНОС НА ПРОСТОРОТ, ОПРЕМАТА И
КАДАРОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕКСТРАКТИ
ОД КОНОП
 
Член 1
Во Правилникот за образецот на барањето, потребната документација и поблиските критериуми по однос на просторот, опремата и кадарот за добивање на дозвола за производство на ектракти од коноп („Службен весник на Република Македонија“ бр.90/16), насловот се менува и гласи „Правилник за образецот на барањето, потребната документација и поблиските критериуми по однос на просторот, опремата и кадарот за добивање на дозвола за производство на ектракти од канабис“.
Член 2
Во член 11 став 1 по зборот „време“ се става запирка и се додаваат зборовите „со полно и/или скратено работно време,“.
Член 3
Низ целиот текст на Правилникот зборот „коноп“ се заменува со зборот „канабис“.
Член 4
Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 19-2989/3
1 април 2024 година
Скопје
 Министер за здравство,
д-р Илир Демири, с.р.