Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА БУЏЕТИ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 1 април 2024 година.
Бр. 08-2213/1
1 април 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БУЏЕТИ
Член 1
Во Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 203/22), во член 11 ставот (19) се менува и гласи:
„Стручната служба на Фискалниот совет се состои од четири аналитичари за стручна и двајца вработени за административно-техничка поддршка на работата на Фискалниот совет. Внатрешната организација и описот на работните места се утврдуваат со Правилник, кој го донесува Фискалниот совет.“.
Член 2
По членот 11 се додава нов член 11-а, кој гласи:
„Член 11-а
(1) Платите на вработените во Стручната служба на Фискалниот совет, односно на раководителот и аналитичарите се уредуваат врз основа на следниве коефициенти и тоа за:
1) Раководителот на Стручната служба на Фискалниот Совет, коефициент 3,40 и
2) Аналитичари на Стручната служба на Фискалниот Совет, коефициент 3,10.
(2) Вредноста на основицата ја утврдува Фискалниот Совет во рамките на утврдениот буџет на Стручната служба на Фискалниот совет.
(3) Исплатата на плата на административните службеници, кои не вршат стручни работи поврзани со работата на Фискалниот совет се врши согласно со Законот за административните службеници.“.