„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација

04.04.2024

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија,претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ИЗДАВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
 
Се прогласува Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.
Бр. 08-2163/1
28 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
 
Член 1
Во Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија заденационализација („Службен весник на Република Македонија“ број 37/2002, 89/2008, 161/2009, 6/12, 104/13, 33/15 и 161/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 311/20 и 39/22), во член 2 во ставот 2 бројот „22“ се заменува со бројот „25“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето вo „Службен весник на Република Северна Македонија“.