Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ
НА ЗАКОНОТ ЗА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банкана Република Северна Македонија,што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.
Бр. 08-2149/1
28 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
ЗА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на
Република Македонија“ број 158/10, 64/12, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен
весник на Република Северна Македонија“ број 110/21) во членот 6 ставот (2) се менува и
гласи:
„Друга цел на Народната банка, која е подредена на основната цел, е да придонесува кон постигнување и одржување на финансиската стабилност.’’.
Член 2
Во членот 7 точката 6) се менува и гласи:„спроведува истражувања во области кои се значајни за постигнување на целите на Народната банка;“.
Точката 7) се менува и гласи:„прибира, изготвува и објавува статистички податоци заради извршувањето на задачите согласно со закон;“.
Точката 8) се менува и гласи:„воспоставува, развива, регулира и врши надзор над стабилноста, сигурноста и ефикасноста на платните системи во согласност со овој или друг закон;“.
Точката 9) се менува и гласи:
„регулира, издава и укинува дозволи, издава и повлекува согласности и врши супервизија на банки, штедилници и други финансиски институции во согласност со овој или друг закон;“.
По точката 9) се додава нова точка 9-а), која гласи:
„9-а) регулира, издава и укинува дозволи, издава и повлекува согласности на платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи и врши надзор на даватели на платежни услуги, издавачи на електронски пари и оператори на платни системи, во согласност со овој или друг закон;“.
Точката 10) се менува и гласи:
„врши надзор над примената на прописите со кои се уредува девизното работење, менувачкото работење, системите за спречување на перење на пари и заштита на потрошувачите, во согласност со овој или друг закон;“.
По точката 10) се додаваат две нови точки 10-а) и 10-б), кои гласат:
„10-а) спроведува макропрудентна политика и презема макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции на кои им издала дозвола и врши други активности заради одржување на финансиската стабилност, во согласност со овој или друг закон;
10-б) врши активности на решавање банки, во согласност со овој или друг закон;“.