„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

04.04.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.
Бр. 08-2161/1 Претседател на Република
28 март 2024 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ
 
Член 1
Во Законот за медиуми („Службен весник на Република Македонија“ број 184/13 и 13/14 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 63/24), во член 28-а ставот (4) се менува и гласи:
„На дневните печатени медиуми кои се издаваат на македонски јазик им се доделуваат средства во висина од 50% за направените трошоци за печатење и во висина од 50% за направените трошоци за дистрибуција, а на дневните печатени медиуми кои се издаваат на јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат припадниците на заедниците кои се најмалку 20% или помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија загарантирани со Уставот, во висина од 70% за направените трошоци за печатење и во висина од 70% за направените трошоци за дистрибуција.
Средства во висина од 70% за направените трошоци за печатење и 70% од направените трошоци за дистрибуција ќе им се доделат и на неделните, месечните и локалните печатени медиуми, согласно со доставените фактури за претходната календарска година.“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.