Врз основа на член 9 став 1 под б) и став 3, член 29 и член 56 став 1 точка 3 од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 77/2021, 285/2021,60/2023, 154/2023 и 209/2023), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на седницата одржана на 21 март 2024 година, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ
ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ 18/2015, 64/2015, 96/2015, 125/2015, 191/2015, 187/2016, 146/2018,44/2019 и „Службен весник на РСМ“ бр. 198/2019, 63/2020, 202/2020, 303/2020, 217/2021, 179/2023, 179/2023, 277/2023 и 57/2024), во членот 59 во ставот 9, по зборовите „По исклучок“ се додаваат зборовите „на став 8 на овој член“ и се бришат зборовите „за упатите ЛУ1“.
Член 2
Овој Правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а се објавува по добивање согласност од министерот за здравство.
Бр. 6912/6
22 март 2024 година
Скопје
Управен одбор
Претседател,
Дејан Николовски, с.р.