„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

27.03.2024

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ
Целта на законот е да се зајакне улогата на печатените медиуми особено неделните, месечните и локалните медиуми и да се зголеми финансиската поддршка за нив бидејќи за разлика од дневните медиуми, овие медиуми немаат приходи од огласите на државните институции.Со предложениот закон се стимулираат неделните, месечните и локалните медиуми и оние весници кои што се објавуваат на јазикот на националностите во Република Северна Македонија да продолжат со своето работење и издавање на својот јазик.