ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА МРЕЖНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 1(*)
Член 1
Во Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на РМ“ број 191/19 и 101/22) во Членот 3, во ставот (2) се додаваат следните дефиниции: „Регулација на фреквенција“ значи способност на ГЕ да ја прилагоди својата излезна активна моќност како одговор на измереното отстапување на фреквенцијата на системот од поставената вредност со цел да се одржи стабилна фреквенција на системот; „фреквенциски чувствителен режим на работа“ значи режим на работа на ГЕ во кој излезната активна моќност се менува како одговор на промената на фреквенцијата на системот за да се помогне враќањето на целната фреквенција; „ограничен фреквенциски чувствителен режим на работа – надфреквенциски“ или „LFSM-O“ значи режим на работа на ГЕ што ќе резултира со намалување на излезната активна моќност како одговор на промена на фреквенцијата на системот над одредена вредност; „ограничен фреквенциски чувствителен режим на работа - подфреквенциски“ или „LFSM-U“ значи режим на работа на ГЕ што ќе резултира со зголемување на излезната активна моќност како одговор на промената на фреквенцијата на системот под одредена вредност;
„Мртва зона на фреквенцискиот одзив“ значи интервал кој намерно се користи за деактивирање на регулацијата на фреквенцијата; „нечувствителност на фреквенцискиот одзив“ значи својствена карактеристика на системот за регулација, која се определува како најмала големина на промена на фреквенцијата или влезниот сигнал што предизвикува промена во излезната моќност или излезниот сигнал; „погонски дијаграм“ значи дијаграм што ја опишува способноста за производство на реактивна моќност на ГЕ во услови на променлива активна моќност на местото на поврзување; „статичка стабилност“ (стабилност во стационарен режим) значи способност на мрежата или синхрониот ГЕ повторно да воспостави и одржува стабилна работа после мало нарушување; „статизам“ преставува односот на промената на фреквенцијата во стационарната состојба со добиената промена на излезната активна моќност во стационарна состојба, изразена во проценти. Промената на фреквенцијата се изразува како однос кон номиналната фреквенција, а промената на активната моќност како однос кон максималната моќност или реалната активна моќност во моментот на достигнување на соодветниот праг; „поминување низ состојба на дефект во мрежата“ преставува способност на електричната опрема да остане поврзана на мрежата и да работи во периоди на низок напон на местото на поврзување предизвикани од отстранети(минливи) дефекти; „способност за црн старт“ значи способност за самостојно стартување на ГЕ од состојба надвор од погон со помош на наменски помошен извор на енергија без надворешно напојување;
___________
1(*) Со овие Мрежни правила се врши усогласување на Регулативата на Комисијата на ЕУ (2016/631) од 14 април 2016 година за воспоставување на мрежни правила за условите заприклучување на производители на електрична енергија на мрежа“