„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*)

21.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО КРИВИЧНА И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА(*)
 
Се прогласува Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка(*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 13 март 2024 година.
Бр. 08-1944/1
13 март 2024 година
Скопје
 
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО КРИВИЧНА И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА (*)
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Општа одредба
Член 1
Со овој закон се уредува постапката за управување со привремено одземениот имот и привремено одземените предмети и конфискуваниот имот и имотна корист како принос од кривично дело и одземените предмети во кривичната и прекршочната постапка, со трајно одземените предмети во управна постапка, како и основањето, надлежноста, управувањето, раководењето и други прашања поврзани со работата на Агенцијата за управување со одземен имот (во натамошниот текст: Агенцијата).