Врз основа на член 28 и член 56 став 1 точка 3 од Законот за здравственото
осигурување(„Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009,67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014,112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015,192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник наРепублика Северна Македонија“ број 275/2019, 77/2021, 285/2021, 60/2023, 154/2023 и209/2023), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на седницата одржана 4 март 2024 година, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И
ОБВРСКИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Во Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обрските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2015, 64/2015, 96/2015, 125/2015, 191/2015, 187/2016, 146/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 44/2019, 198/2019, 63/2020, 202/2020, 303/2020, 217/2021, 179/2023 и 277/2023), членот 19 се менува и гласи:
„Избраниот лекар може да се промени во следните случаи:
1. престанок на работа на избраниот лекар;
2. промена на местото на живеење односно на работа на избраниот лекар или на
осигуреното лице;
3. промена на престој во Установи за згрижување на стари и болни лица и во други случаи согласно прописите за социјална и детска заштита;
4. по барање на осигуреното лице, но најмногу два пати во текот на една календарска година.“
Член 2
Членот 20 се менува и гласи:
„Изборот на лекар за сите осигурени лица се врши преку Веб-порталот на Фондот со пополнување на електронска изјава за избор на лекар на пропишан образец, потпишана согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги, со што осигуреното лице во истиот момент го врши изборот на лекар.
За осигурените лица кои имаат дигитален сертификат/електронска здравствена
картичка, верификацијата на направениот избор на лекар ја врши осигуреното лице и избраниот лекар.
За осигурените лица кои немаат дигитален сертификат/електронска здравствена
картичка, верификацијата на направениот избор на лекар ја врши само лекарот со
дигитално потпишување со неговиот дигитален сертификат/електронска здравствена картичка._
Испечатената изјава за направениот избор на лекар своерачно потпишана од
осигуреното лице и избраниот лекар, како доказ се чува во здравствениот картон на осигуреното лице.“
Член 3
Членот 21 се менува и гласи:
„Промената на избраниот лекар, со одјава од претходниот и пријава кај новиот лекар, за сите осигурени лица, се врши преку Веб-порталот на Фондот со пополнување изјава за промена на лекар на пропишан образец кај новоизбраниот лекар.
Промената на избраниот лекар, односно одјавата од стариот избран лекар и пријавата кај новиот избран лекар, за осигурените лица се врши во ист ден.
За осигурените лица кои имаат дигитален сертификат/електронска здравствена
картичка, верификацијата на направената промена на избор на лекар ја врши осигуреното лице и избраниот лекар.
За осигурените лица кои немаат дигитален сертификат/електронска здравствена
картичка, верификацијата на направената промена на избраниот лекар, ја врши само лекарот со елекронски потпис со неговиот дигитален сертификат/електронска здравствена картичка.
Испечатената изјава за промена на избраниот лекар, своерачно потпишана од
осигуреното лице и избраниот лекар, како доказ се чува во здравствениот картон на осигуреното лице.
Фондот по службена должност ќе изврши колективна одјава на осигурените лица од избраниот лекар во согласност со законските прописи.
При промена на избраниот лекар, здравствениот картон се пренесува кај новоизбраниот лекар по барање на осигуреното лице.“
Член 4
Членот 22 се брише.
Член 5
Членот 23 се менува и гласи:
„Осигуреното лице кое не прави промена на избраниот лекар, може само да се одјави од избраниот лекар.
Одјава на лекар се врши преку Веб-порталот на Фондот со пополнување на електронска изјава за одјава на лекар на пропишан образец, со што осигуреното лице во истиот момент врши одјава на лекар.
Одјавата на лекар ја потпишува осигуреното лице и избраниот лекар со дигитален
сертификат/електронска здравствена картичка.
За осигурените лица кои немаат дигитален сертификат/електронска здравствена
картичка, верификацијата на направената одјава на избраниот лекар, ја врши само лекарот со неговиот дигитален сертификат/електронска здравствена картичка.
Испечатената изјава за одјава од избраниот лекар, своерачно потпишана од
осигуреното лице и избраниот лекар, како доказ се чува во здравствениот картон на осигуреното лице.
Фондот по службена должност може да направи одјава на осигуреното лице од
избраниот лекар, по констатирана злоупотреба на самиот избор.“
Член 6
Членот 23-а се брише.
Член 7
Овој Правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Северна Македонија“, а ќе се објави по добивањето на согласност од
министерот за здравство.
Бр. 02-5683/1
4 март 2024 година
Скопје
Управен одбор
Претседател,
Дејан Николовски, с.р.