„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА AКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ТРАНСПОРТ „ЖЕЛЕЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ТРАНСПОРТ АД-СКОПЈЕ

12.03.2024

Врз основа на член 418 став (1) од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 290/20, 215/21 и 99/22), Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, на седницата, одржана на 5 март 2024 година, донесе
 
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА AКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО
ЗА ТРАНСПОРТ „ЖЕЛЕЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
ТРАНСПОРТ АД-СКОПЈЕ
 
Член 1
Во Статутот на Акционерското друштво за транспорт „Железници на Република
Северна Македонија“ ТРАНСПОРТ АД - Скопје („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 58/07, 21/08, 87/09, 95/09, 151/09, 121/10, 107/12, 108/14, 4/15, 28/15, 64/16, 142/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 182/19), во член 7 ставот 1 се менува и гласи:
„Основната главнина на Друштвото е имотот на Друштвото, потврденa со Одлука на Владата на Република Северна Македонија за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година бр. 41-8614/8 од 27 октомври 2023 година и Одлука на Владата на Република Северна Македонија за зголемување на основната главнина на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје во државна сопственост, со влогови преку издавање на нови акции на четврта емисија по пат на приватна понуда бр. 41-8614/9 од 27 октомври 2023 година и изнесува 10.232.085.345,00 денари.“.
Ставот 2 се менува и гласи:
„Основната главнина е распоредена на 10.232.085 обични акции кои ги поседува
акционерот - Република Северна Македонија со номинална вредност од 1.000,00 денари.”.
 
Член 2
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за изменување на Статутот на Aкционерското друштво за транспорт „Железници на Република Северна Македонија“ АД-Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 37/24).
 
Член 3
Се овластува Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија
Транспорт АД - Скопје, да подготви пречистен текст на Статутот.
 
Член 4
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-560/13
5 март 2024 година
Скопје
             Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.