Врз основа на член 55 став (2) од Законот за организација и работа на органите на
државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА
УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД
ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА
ВИРУСОТ НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД КРАЛСТВОТО
БЕЛГИЈА
Член 1
Со ова решение престанува да важи Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Кралството Белгија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.6/21).
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-662/1
29 февруари 2024 година
Скопје
Агенција за храна и ветеринарство
в.д. Директор,
Николче Бабовски, с.р.