„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

12.03.2024

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
 
РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА
ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО
ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ВИСОКО
ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од
животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Германија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 6/21, 258/21, 100/22, 174/22 и 286/23), во членот 1 ставот (1) се менува и гласи:
„Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца се забранува увозот во Република Северна Македонија на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат од следните региони во Република Германија:
- Штајнбург/Steinburg,
- Ворпомерн-Руген/Vorpommern-Rügen и
- Швалм-Едер-Крајс/Schwalm-Eder-Kreis.“.
 
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
Бр. 02-661/1                                  
29 февруари 2024 година        
Скопје                                                   
                                                      
Агенција за храна и ветеринарство
                 в.д. Директор,
      Николче Бабовски, с.р.