„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ

29.11.2022

 Согласно известувањето на Министерството за финансии, целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење е усогласување на Законот за девизното работење со Законот за платежни услуги и платни системи. Ќе се дефинира платежната институција, институцијата за електронски пари како и видовите на платежни трансакции со странство. Со измените се дава можност резидентите да извршуваат платежни трансакции со странство преку платежни сметки отворени кај платежни институции и институции за електронски пари. Платежните трансакции со странство, покрај банки, ќе можат да ги извршуваат и штедилници, платежни институции и институции за електронски пари.

Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.90/22) започнува со примена од 01 јануари 2023 година.