„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БАНКИТЕ

29.11.2022

 Според известувањето на Министерството за финансии, целта на Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за банките е усогласување на Законот за банките со Законот за платежни услуги и платни системи, во делот на работењето на штедилниците. Со предложеното законско решение ќе се овозможи и на штедилница да дава една или повеќе платежни услуги на физички лица од РС Македонија, прифаќање платежни трансакции, отворање платежни сметки за платежни институции и институции за електронски пари, отворање посебни сметки на платежни институции и институции за електронски пари на кои се депонираат примените парични средства заради нивна заштита итн.

Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.90/22) започнува со примена од 01 јануари 2023 година.