Цели, начела и основни решенија: Целта на законот е да се зајакне улогата на печатените медиуми (дневни и неделници) во нивната улога на чувар на демократијата.
Предложениот закон ги содржи следните решенија:
- се воведува финансиска поддршка за
печатени медиуми кои што се минимум 3 години во
регистарот на печатени медиуми при Агенција за
аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
- се стимулира продажбата и опстанокот на
печатените медиуми како најстара форма на
известување на јавноста за тековните политички,
економски, социјални, културни и други прашања
од јавен интерес;
- се стимулираат дневните и неделните
весници кои што се објавуваат на јазикот на
националностите во Република Северна
Македонија;
- се утврдуваат условите под кои што
печатените медиуми можат да конкурираат за
финансиска поддршка.