„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
13.03.2024
Цели, начела и основни решенија: Измената на законот се заснова на истите начела под кои е донесен законот. Од суштинско значење е да се направи усогласување на Законот за енергетска ефикасност со обврските преземени од страна на РСМ кои произлегуваат од нејзиното членство во Енергетската Заедница. Имено, Директивата 2018/2002/EU и Регулативата 2018/1999/EU, се едни од клучните правни акти од т.н Пакет на ЕУ за чиста енергија, чие транспонирање во националните системи на земјите членки на Енергетска заедница, во најголем дел треба да биде извршено до крајот на 2023. Оттука, целите на Предлог законот се однесуваат на сообразноста со обврските кои РСМ ги презела во рамки на законодавството на Енергетската заедница на начин кој е конзистентен со националната енергетска политика. Конкретно, Предлог законот ги има истите цели како и Законот за енергетска ефикасност: · да ги отстрани регулаторните и нерегулаторните бариери што го попречуваат спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност и проекти за енергетска ефикасност; · да ја зајакне соработката меѓу потрошувачите, производителите, снабдувачите на енергија, обезбедувачите на енергетски услуги, централните и локалните власти, во насока на постигнување на целите на полето на енергетската ефикасност; · да промовира користење на високоефикасни технологии, системи за управување со енергијата и системи за мониторинг на енергетските заштеди; · да го зголеми користењето на енергија од обновливи извори од страна на крајните корисници; · да овозможи користење на финансиски механизми и поттици за спроведување на мерки за енергетска ефикасност; и · да го развие пазарот на енергетски услуги и обезбедување на енергетски услуги.