„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
28.02.2024
Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година е водечки документ со кој се дефинираат главните национални развојни цели, стратешки области и приоритети за забрзан, инклузивен, рамномерен, родово еднаков и одржлив развој на Република Северна Македонија. Дополнително, како стратешки и развоен документ, НРС ги идентификува клучните предизвици и државните приоритети, особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2030 година и заложбата за одржлив развој преточена во Агендата 2030. НРС во основа ги вклучува главните цели дефинирани во усвоените стратешки документи, но и дава насоки за идните стратешки документи и политики. Основната идеја на НРС е да овозможи континуитет во стратешкото планирање и конзистентен одговор на главните предизвици, без оглед на политичката ориентација.