„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНТЕРОПЕРАБИЛНОСТ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СИСТЕМ

17.11.2022

 Со предложените измени и дополнувања, во членот 9 од Законот за интероперабилност во железничкиот систем се предвидува дека Технички спецификации за интероперабилност за структурните и функционалните потсистеми, на предлог на органот за сигурност ги донесува Министерот за транспорт и врски, органот за сигурност донесените технички спецификации за интероперабилност ги објавува на својата веб страница.

Исто така, Листата за национални стандарди за примена на Европските стандарди, на барање на Министерството за транспорт и врски, ја изработува и донесува Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.