„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за реализација на стратешкиот инвестиционен проект AIM GREEN TECH, по скратена постапка

28.02.2024

Цели, начела и основни решенија:
За потребите на реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект којашто претставува јавен интерес и вклучува изградба на објекти од јавен интерес, овој закон се применува како посебен закон.
Прописите од областите на државна помош, управување со јавните финансии и јавен долг се применуваат за реализација на стратешкиот инвестиционен проект. Ако со овој закон поинаку не е уредено, на реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект и стратешкиот инвеститор ќе се применуваат останатите закони и прописи.