Цели, начела и основни решенија:
Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште, и тоа: -рационално користење на земјоделското земјиште, -заштита на земјоделското земјиште, -обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп. Целта на предлог законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на рационално користење на земјоделското земјиште и неговата заштита како. Предлог законот се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за земјоделското земјиште.