„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средства, максималните износи и начинот на директни плаќања за 2024 година

14.02.2024

Врз основа на член 47 став (6) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 13 февруари 2024 година, донесе
УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА
ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ
ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2024 ГОДИНА
 
Член 1
Во Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.18/24) во член 2 став (3) во табелата во подмерката 2.13. во колоната „Поблиски критериуми и Висина на директни плаќања“ во алинејата 1 точката и запирката на крајот од реченицата се заменуваат со сврзникот „и“.
Во алинејата 2 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка.
Алинејата 3 се брише.
Член 2
Во член 3 ставот (7) се менува и гласи:
„Спроведување на подмерките 1.1., 1.2., 1.3., 1.4., 1.5., 1.6., 1.8., 1.9., 1.12., 1.14., 1.15., 1.16., 1.17., 1.18., 1.19. и 1.21. од членот 2 став (2) од оваа уредба се врши врз основа на барања кои треба да содржат податоци за површината на земјишните парцели евидентирани во Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП).
Максималната дозволена површина на земјишните парцели евидентирани во СИЗП со утврдена употреба на земјоделско земјиште на земјоделското стопанство за кои се поднесува барање, дополнително е ограничена со површината на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Административните проверки се вршат врз основа на податоците за површината на земјишните парцели евидентирани во СИЗП со утврдена употреба на земјоделско земјиште на земјоделското стопанство со состојба до денот на поднесување на барањето и со податоците за површините на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства со состојба до денот на поднесување на барањето, а кои се однесуваат и на земјишни парцели кои се користат врз основа на договори за закуп и на земјишни парцели кои се користат врз основа на претходни договори за закуп, за кои во законскиот рок се поднесени барања за продолжување на договорите за закуп. Контролата на самото место се извршува на СИЗП парцели наведени во барањето на кои барателот има декларирано производство согласно производствениот план.“
Во ставот (13) точката 2 се брише.
Точките 3 и 4 стануваат точки 2 и 3.
Ставот (14) се менува и гласи:
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој податоци за ненамирени финансиски обврски со состојба на 15 јануари 2024 година за неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште.“
Член 3
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2344/3                          
13 февруари 2024 година    
Скопје                                           
                                                    
  Заменик на претседателот
на Владата на Република Северна Македонија,
    Фатмир Битиќи, с.р