Врз основа на член 27 став (1) алинеја 6 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 87/23), министерот за внатрешни работи донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И
СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОБНИТЕ
ТАБЛИЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЦИ И НА
ПРОБНИТЕ ТАБЛИЦИ НА ВОЗИЛАТА, КАКО И НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА
НИВНО ИЗДАВАЊЕ
Член 1
Во Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.293/20, 114/23 и 26/24), во член 28 во ставовите (1) и (2) зборовите ,,12 февруари 2024 година“ се заменуваат со зборовите ,,31 декември 2024 година“.
Член 2
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 13.1.1-18586/1 Министер
12 февруари 2024 година за внатрешни работи,
Скопје Панче Тошковски, с.р