„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување на законот за безбедност на сообраќајот и патиштата

13.02.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
 
Се прогласува Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на12 февруари 2024 година.
Бр. 08-1098/1                             Претседател на Република
12 февруари 2024 година           Северна Македонија,
Скопје                                                Стево Пендаровски, с.р.
 
            Претседател
на Собранието на Република
        Северна Македонија,
         Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ
НА ПАТИШТАТА
Член 1
 
Во Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на
патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 122/21), во членот 5
зборовите: „12 февруари 2024 година“ се заменуваат со зборовите: „31 декември 2024 година“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.